• среда, 27 ноември 2024

НБ: Во вториот квартал нето приливи од 69 милиони евра, девизните резерви зголемени за 94,5 милиони евра

НБ: Во вториот квартал нето приливи од 69 милиони евра, девизните резерви зголемени за 94,5 милиони евра
Скопје, 31 август 2021 (МИА) - Народната банка попладнево соопшти дека во вториот квартал од годинава кај трансакциите со нерезиденти остварени се нето приливи од 69,1 милиони евра. Позначајни нето приливи се остварени кај директните инвестиции и заемите. Девизните резерви бележат зголемување за 94,5 милиони евра.

Во овој период, во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 120 милиони евра, или за 28,2 милиони евра повеќе во однос на истиот период минатата година. Во однос на одделните компоненти, зголемен е суфицитот кај секундарниот доход и кај размената на услуги, додека дефицитот кај стоковната размена и примарниот доход забележа проширување. бак/aa/

Остани поврзан