• петок, 25 октомври 2024

НБА: Сезоната предвреме заврши за Вајсман

НБА: Сезоната предвреме заврши за Вајсман

 

Индијана, 25 октомври 2024 (МИА) – Центарот на НБА лигашот Индијана, Џејмс Вајсман, ќе ја пропушти новата сезона, откако ја повреди ахиловата тетива на левата нога, објави денеска неговиот тим.

Вајсман (23) се повреди во првата четвртина од премиерниот натпревар против Детроит во средата и ќе го пропушти остатокот од сезоната во НБА лигата.

Ова лето Вајсман дојде во редовите на Индијана потпишувајќи двегодишен договор.

Претходно, една и пол сезона го носеше дресот на Детроит, а две и пол години беше дел од Голден Стејт, кој го избра како втор пик на драфтот во 2020 година.

Поради повреда на коленото Вајсман, исто така, ја пропушти целата сезона 2021/22. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан