НБА: Оклахома најмалку два месеци без повредениот Холмгрен
- Кошаркарот на НБА лигашот Оклахома, Чет Холмгрен (22), ќе биде надвор од терените осум до десет недели поради фрактура на карличната коска, јавија денеска американските медиуми.
Њујорк, 11 ноември 2024 (МИА) – Кошаркарот на НБА лигашот Оклахома, Чет Холмгрен (22), ќе биде надвор од терените осум до десет недели поради фрактура на карличната коска, јавија денеска американските медиуми.
Холмгрен се повреди во првата четвртина од вчерашниот натпревар против Голден Стејт, кој неговиот тим го загуби со 116-127.
„Не знам дали се чувствувам подобро или полошо бидејќи претходно сум поминал низ нешто слично. Од една страна знам каков пристап треба да имам, што да правам и колку убаво ќе биде кога ќе заврши. Од друга страна, се чувствував фрустриран од овој процес и влијанието што го има врз умот“, изјави Холмгрен.
Кошаркарот на Оклахома беше втор пик на драфтот во 2022 година, но ја пропушти целата своја прва сезона во НБА, откако го повреди на стапалото на рекреативен натпревар
Минатата сезона, која беше негова дебитантска во НБА лигата, Холмгрен имаше просек од 16,5 поени, 7,9 скокови, 2,4 асистенции и 2,3 блокади за водечкиот тим на Оклахома во Западната конференција. ег
ФОТО: Фејсбук