• сабота, 15 февруари 2025

НБА и „Сити Фудбал Груп“ ќе организираат натпревар во Манчестер

НБА и „Сити Фудбал Груп“ ќе организираат натпревар во Манчестер

Манчестер, 14 февруари 2025 (МИА) - Националната кошаркарска асоцијација НБА е блиску до договор за организирање натпревар во Манчестер, во сала со капацитет од 23.500 луѓе, пишува британски „Тајмс“.

Ова може да се поврзе со извештаите за создавање на нов кошаркарски тим во Манчестер, во потенцијално ново натпреварување од сезоната 2026/2027.

Во реализацијата на зделката би се вклучиле и „Сити Фудбал Груп“, сопствениците на стадионот на кој ќе се игра натпреварот и сопствениците на Манчестер Сити, со можност за создавање на друг тим во Париз.

Годинава во Париз се одиграа два натпревари во НБА лигата помеѓу Спарс и Пејсерс. дс

Фото: Архива

Остани поврзан