• петок, 12 јули 2024

На Eurosatory во Париз, Албанија ја претстави „Шота“, првото оклопно воено возило „Made in Albania“

На Eurosatory во Париз, Албанија ја претстави „Шота“, првото оклопно воено возило „Made in Albania“

Тирана, 19 јуни 2024 (МИА) - Првиот прототип на првото оклопно воено возило „Шота“, произведено во Албанија, е претставен на меѓународниот саем EUROSATORY што се одржува во Париз.

Албанија за првпат учествува претставена со 100% албанска компанија на овој саем на кој учествуваат околу 2 илјади компании од целиот свет, што министерот за одбрана Нико Пелеши го смета за многу важен момент.

-Претставен на саемот EUROSATORY во Париз, првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија“, вели Пелеши.

„Претставен на саемот EUROSATORY во Париз, првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија, напиша Пелеши во објава на Фејсбук.

Додава дека возилото е опремено со напредна технологија и може да се користи во широк опсег на воени и цивилни операции, вклучувајќи транспорт на војници, спасувачки операции и безбедносни мисии, нагласувајќи дека „целта на создавањето на оваа машина е зајакнување на албанската воена индустрија и не само тоа“.

На саемот EUROSATORY во Париз учествуваат делегации од различни земји како и претставници од САД и НАТО и ќе трае до 21 јуни.

Прототипот е дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, а произведено е во компанијата „Тимак“, чија сопственичка Арјета Пуца, претходно рече дека бил произведен околу 3 месеци.

Оваа компанија, во која 75 отсто од вработените се жени извезува санитетски возила во 20 земји низ светот. вт/

Фото: Пелеши ФБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан