• четврток, 26 март 2026

На 27 мај почнува Фестивалот на детска креативност „Трамболини“

На 27 мај почнува Фестивалот на детска креативност „Трамболини“

Скопје, 24 мај 2025 (МИА) - Во организација на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ од 27 мај до 3 јуни 2025 година по шести пат ќе се одржи Фестивалот на детската креативност „Трамболини“.

Како што информираат од Детскиот културен центар, на фестивалот ќе учествуваат деца и млади на возраст од 7 до 17 години, каде ќе совладаат нови техники на креативно изразување на забавен и креативен начин.

На овој фестивал, децата ќе можат да уживаат во работилници за личен развој, изработка на моден детал од глина, работилница на турски јазик, ликовна изложба, изработка на креативна торбичка, работилница во Музејот на современа уметност насловена како „Временски патници“ и како за крај на фестивалот, публиката ќе има можност да го погледне детскиот мјузикл на македонски јазик „Аладин и духот од волшебната ламба“ во изведна на талентираните членови на Студиото за детски и младински мјзуикли Бродвеј Јуниор од Скопје. Работилниците се од различни области и ќе се реализираат на различни локации низ Град Скопје.

Фестивалот Трамболини е поддржан од Град Скопје, а како помагатели на овој фестивал се Виталиа и Маya вода која обезбедува разладување за сите учесници и посетители од постоењто на фестивалот.

-Оваа 2025 година по шести пат на фестивалот за детска креативност Трамболини ќе гледаме насмеани, среќни и креативни детски лица кои ќе бидат побогати со знаење од областа на културата и уметноста, информираат од У Детски културен центар „Карпош“.фф/са/

Фото: ЈУ Детски културен центар „Карпош“

Остани поврзан