• недела, 19 јануари 2025

На штипскиот Правен факултет научна трибина за чиста и здрава средина

На штипскиот Правен факултет научна трибина за чиста и здрава средина

Штип, 18 декември 2024 (МИА) -Чистата и здрава животна средина да биде дел од секојдневнието беше тема на која денеска се дебатираше на научната трибина на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) Штип.

Професорот на Правниот факултет, Страшко Стојановски изјави дека главната цел е студентите да бидат вклучени во конкретната тема на предметите еколошко право и граѓанско општество.

-Имаме чест да промовираме еден настан, кој што го работиме на Правниот факулт во рамките на предметите Еколошко право и Граѓанско општество. Идејата на овој настан е научна трибина на тема „Право на чиста и здрава средина“ со цел студентите да бидат инволвирани во конкретна тематика која што има пошироко општествено значење. Тематика се однесува на прашања од важност за здравата и чиста средина, изјави Стојановски.

Предизвикот за да се има чиста средина треба да биде на прво место, согласна е и професорката Билјана Тодорова, па вели дека тоа е уставно право, право за чиста животна средина. вдј/вг/

Фото: МИА 

Остани поврзан