• понеделник, 23 декември 2024

На француски навивач ќе му се суди за расистички твит против Мбапе

На француски навивач ќе му се суди за расистички твит против Мбапе
Париз, 1 јуни 2022 (МИА) - На симпатизерот на репрезентацијата на Франција, кој твитна расистички коментари на сметка на Килијан Мбапе по неговиот промашен пенал против Швајцарија за време на француската елиминација на последното Европско првенство, ќе му се суди во Кривичниот суд во Париз, јави дописникот на МИА. Овој навивач, објави расистичка порака на социјалната мрежа Твитер: „Килијан Мбапе овој валкан црнец заслужува да добие сто удари со камшик и да биде продаден во Либија, овој црнец не ја заслужува Француската Република, да се упати кон Камерун или полињата со памук...“ напиша навивачот по елиминацијата на Франција во осминафиналето на ЕП. Неколку антирасистички организации и здруженија како СОС Расизам и Спортитуд Франс, потоа алармираа вечерта на натпреварот за многуте навредливи, расистички и пораки со омраза кои се прелеваа на социјалната мрежа против одредени играчи на „триколорите“. Овие две здруженија поднесоа граѓански тужби. - Соочени со чувството на неказнивост што зафаќа голем број корисници на Твитер, очекуваме соодветна санкција. Расистичката омраза, на социјалните мрежи како и на други места, не смее да остане неказнета. Се надеваме дека ова судење ќе го отвори патот за судството да продолжи да ги идентификува оние кои веруваат дека анонимноста на Твитер ги штити од какви било кривични санкции, се вели во соопштението на здружението СОС Расизам. Во моментов на „Клерфонтен“ со „триколорите“, фудбалерот на ПСЖ се подготвува да ги одигра првите четири натпревари од новото издание на Лигата на нации, чиј воведен меч ќе се одигра во петок против Данска, на „Стад де Франс“. тг/зс/

Остани поврзан