На фестивалот „Богородичен покров“ проекции на „Варава“ и „Раѓање на Богородица“
- Со проекција на долгометражниот игран библиски филм „Варава“ вечер во 19 часот продолжува Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“
Скопје, 8 декември 2025 (МИА) - Со проекција на долгометражниот игран библиски филм „Варава“ вечер во 19 часот продолжува Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“, што се одржува од 5 до 14 декевмри во Скопје.
Проекцијата на филмот, во времетраење од 114 минути, ќе се одржи на Европскиот универзитет - Скопје.
- Филмот е за приказната на Христовата смрт и воскресение гледана низ очите на разбојникот Варава, на чие место, по избор на народот, е распнат Господ Исус Христос, информира фстивалскиот тим.
Режијата е на Евгениј Емелин, а продукцијата на „Артворкс филм", Русија, 2019. Филмот е наградуван на фестивалите во Русија: „Свети Владимир“, „17 моменти...“, „Встреча“, „Амурска есен“, „За добро на светот"...
Фестивалската програма продолжува утре (19:00) со документарниот филм „Раѓање на Богородица“, во режија на Константин Голенчик, а продукција на „Студио Неофит“, Русија.

- На 21 септември православната црква го слави раѓањето на Пресвета Богородица“. Ова епатроинен празник на манастирот Савино-Строжески. Евангелието малку кажува за овој настан кој може да се осветли само преку црковното прдание, се наведува во најавата за филмот.
До 14 декември на „Богородичен покров“ ќе бидат прикажани документарно-играниот филм „Светиот Арипелаг“, како и документарците „Приказни од Атос“, „Стела“, „Доброчинител“ и долгометражниот игран филм „13-от ДЕН“.
Фестивалот се одржува со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и почесниот претседател на фестивалот митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј. Посветен е на духовните, хумани и културни вредности и е единствен од ваков жанр во државава. лв/бак/
фото: „Фестивал Богородичен покров“