• сабота, 23 ноември 2024

На УЈИЕ дебата за претседателските избори во САД

На УЈИЕ дебата за претседателските избори во САД
Тетово, 3 ноември 2020 (МИА)-Претседателските избори во САД беа повод за вчерашната дебата и вебинар што беше организира од научниот институт „Макс Ван Дер Штул“ при Универзитетот на Југоисточна Европа и Амбасадата на САД. Студенти и дел од вработените имаа можност да се запознаат со изборниот модел на САД, од Ерик Елиот, службеник за односи со јавност во Амбасадата. -Целта на овој вебинар беше да се запознаеме со американскиот претседателски изборен систем, политичката култура и комуникација во ерата на дигитализацијата. Учеството на вебинарот беше доста големо, студенти, вработени, а меѓу нив беше и ректорот на УЈИЕ, а учесниците поставија многу прашања во врска со методот на гласање, влијанието на лажните вести, влијанието на пандемијата КОВИД 19, профилите на кандидатите Доналд Трамп и Џо Бајден и многу други прашања во однос на овие избори, информираат од УЈИЕ. Директорот на научниот институт „Макс ван дер Штул“, проф.д-р Вели Креци потенцира дека голем е интересот за американското општество кај студентите кои воедно се интересираат и за студиски програми во САД. -УЈИЕ има бројни профили на студиски програми од областа на општествените науки и има многу студенти и вработени кои сакаат да знаат повеќе за претседателските избори во САД, истакна Креци. Предавање поврзано со претседателските избори во 2016 година се одржа на УЈИЕ, каде што презентација одржа заменик-амбасадорот Микаела Швајцер-Блум, а во тоа време кандидати за претседател беа сегашниот претседател Доналд Трамп и Хилари Клинтон.ас/ир

Остани поврзан