На Универзитетот во Тетово доделени специјализации за дефицитарни медицински области
- На Универзитетот во Тетово денеска се одржа свечената церемонија по повод доделувањето специјализации на здравствени работници на Медицинскиот факултет при овој универзитет. На церемонијата, како што информираат од Министерството за здравство, било потенцирано дека доделените специјализации се за повеќе дефицитарни области во здравствениот систем.
Тетово, 13 декември 2023 (МИА) - На Универзитетот во Тетово денеска се одржа свечената церемонија по повод доделувањето специјализации на здравствени работници на Медицинскиот факултет при овој универзитет. На церемонијата, како што информираат од Министерството за здравство, било потенцирано дека доделените специјализации се за повеќе дефицитарни области во здравствениот систем.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити во своето обраќање истакнал дека млади доктори, кои ќе го продолжат професионалното доусовршување и стручна надградба во оваа високообразовна установа, во иднина ќе ги зајакнат капацитетите на нашиот здравствен систем.
- Посебно ме радува што ова е прва генерација специјализанти на Медицинскиот факултет во Тетово. Сите овие млади доктори, кои ќе го продолжат професионалното доусовршување и стручна надградба во оваа високообразовна установа, во иднина ќе ги зајакнат капацитетите на нашиот здравствен систем. Континуираната стручна надградба е клучна за здравствените работници и токму затоа Министерството за здравство е посебно посветено на оваа област, истакна Меџити.
Со Програмата за специјализации и супспецијализации која Министерството ја донесува на годишно ниво, за годинава само за Универзитетот во Тетово се доделени вкупно 25 специјализации за јавните здравствени установи, како и 34 за приватните здравствени установи.
-Станува збор за бројни медицински области, а посебно ме радува што меѓу нив има и дефицитарни области, како што се педијатрија, гинекологија и акушерство, кардиологија, како и специјализации од областа на општа хирургија, интерна медицина и други. Исто така денес ќе се доделат 40 индекси и за вториот циклус на специјализации во други медицински дејности. Огромна е честа што во моето време како министер првпат во историјата се отворени специјализации на овој факултет. Ќе продолжам да вложувам во младиот кадар, со цел да ве задржиме тука, близу вашето родно место. Јас сум тука зад вас, да ве бодрам и туркам напред, истакна Меџити.ас/фф/
Фото: Министерство за здравство