• понеделник, 23 декември 2024

На територија на СВР Тетово казнети 43 возачи за непропуштање пешаци

На територија на СВР Тетово казнети 43 возачи за непропуштање пешаци
Скопје, 5 април 2022 (МИА) - На територијата на СВР Тетово денеска  од 12 до 17 часот е спроведена  засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, при што се казнети 43 возачи.
Министерството за внатрешни работи информира дека продолжува со засилените акциски контроли и  апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
-Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, соопшти МВР. хс/мч/

Остани поврзан