• среда, 25 декември 2024

На територија на СВР Тетово изречени 92 санкции за брзо возење 

На територија на СВР Тетово изречени 92 санкции за брзо возење 
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово денеска е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани 92 возачи. Од МВР вечерва информираа дека од вкупниот број 63 се на територија на Тетово, а 29 на територија на Гостивар. Седумдесет и седум возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 16 за дури над 70 километри на час над дозволената. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението од МВР. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. ас/цр/

Остани поврзан