• петок, 05 декември 2025

На Тајван евакуирани над 8.000 луѓе поради тропската бура Фунг-вонг

На Тајван евакуирани над 8.000 луѓе поради тропската бура Фунг-вонг

Тајпеј, 12 ноември 2025 (МИА) – Повеќе од 8.300 луѓе се евакуирани од крајбрежните и планинските области на Тајван поради тропската бура Фунг-вонг.

Фунг-вонг имаше сила на супертајфун кога на 9 ноември ги погоди Филипини, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето, прекин на електричната енергија и усмрти 27 луѓе.

Фунг-вонг сега е со сила на тропска бура и се очекува ветерот да губи брзина и сила како се приближува до Тајван.

Во централните и јужните делови на Тајван затворени се училиштата и институциите. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан