• вторник, 25 јуни 2024

На Табановце се чека 40 минути за влез и излез од државата

На Табановце се чека 40 минути за влез и излез од државата

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања, информира АМСМ. 

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан