• понеделник, 23 декември 2024

На „Табановце“ се чека половина час, на „Богородица“ од 15 до 30 минути

На „Табановце“ се чека половина час, на „Богородица“ од 15 до 30 минути
Скопје, 12 август 2022 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути , а на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/  

Остани поврзан