• четврток, 26 март 2026

На „Табановце“ се чека околу 40 минути

На „Табановце“ се чека околу 40 минути

Скопје, 12 јули 2025 (МИА) - На ГП „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/мч/

фото: МИА

Остани поврзан