• четврток, 11 јули 2024

На Табановце за влез во земјава се чека околу еден час

На Табановце за влез во земјава се чека околу еден час
Скопје, 12 јули 2022 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце за влез во земјава времето на чекање е околу еден час. Како што информираат од АМСМ на останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. сст/дма/

Остани поврзан