• среда, 20 ноември 2024

На Серена Вилијамс и беше препорачано да стави крај на кариерата, тоа предизвика скандал

На Серена Вилијамс и беше препорачано да стави крај на кариерата, тоа предизвика скандал
Мадрид, 5 јануари 2021 (МИА) – Поранешниот тенисер Јон Цириак, 81-годишниот сопственик на „Мадрид Опен“ предизвика голем скандал на социјалните мрежи, изјавувајќи во интервју за романската телевизија дека Серена Вилијамс треба да се повлече од тенисот. - На оваа возраст и со тежината што ја има сега, таа не се движи лесно како пред 15 години. Серена беше одличен играч, но ако и останеше уште малку пристојност, ќе ја завршеше кариерата, изјави победникот во двојки на „Ролан Гарос“ од 1970 година. Сопругот на Вилијамс, Алексис Оганјан му одговори на Цириак преку социјалните мрежи: „Никој не се грижи што мисли Цириак“, напиша бизнисменот. Голем дел од обожавателите на Серена ги нарекоа изјавите на Јон „игнорантни“, „одвратни“ и „сексистички“, пренесува „ubitennis.net“. зс/

Остани поврзан