• понеделник, 25 ноември 2024

На полигонот Пенуш уништени минско-експлозивни средства врз основа на судски наредби

На полигонот Пенуш уништени минско-експлозивни средства врз основа на судски наредби

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во координација со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења и СВР Штип изврши успешно организирано ништење на минско-експлозивни средства на полигонот Пенуш.

Како што соопшти МВР, станува збор за ништење на минско-експлозивни средства кои се одземени при прегледи и претреси на лица и објекти, како и оние пронајдени при ископи од страна на физички и правни лица, врз основа на издадени судски наредби за ништење. вг/бак/

 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан