• понеделник, 23 декември 2024

На подрачјето на СВР Куманово изречени 179 сообраќајни санкции 

На подрачјето на СВР Куманово изречени 179 сообраќајни санкции 

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 179 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, 137 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 22 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 16 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирани возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.цр/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан