На повеќето играчи на Тотенхем ќе им бидат преполовени платите ако испаднат од Премиер лигата
- На повеќето фудбалери на Тотенхем ќе им бидат намалени платите за приближно 50 проценти ако клубот испадне од Премиер лигата, објави „The Athletic“.
Лондон, 3 март 2026 (МИА) - На повеќето фудбалери на Тотенхем ќе им бидат намалени платите за приближно 50 проценти ако клубот испадне од Премиер лигата, објави „The Athletic“.
Оваа клаузула била вклучена во сите договори потпишани пред заминувањето на Даниел Леви како претседател во септември.
Тотенхем има 29 бода од 28 натпревари и е на 16. место на табелата во најсилното англиско фудбалско натпреварување. Тимот од Лондон е на само четири бода над зоната за испаѓање.
Следниот натпревар на Тотенхем во Премиер лигата е на 5 март против Кристал Палас.
Спарс последен пат испаднаа од елитата во 1977 година. зс/
Фото: ЕПА