На Пелистер едукативен час за заштита и мониторинг на лилјаци
- Националните паркови „Пелистер“ и „Галичица“ попладнево на планината Баба во соработка со Здружението за истражување и заштита на лилјаци од Германија, одржаа едукативен час за заштита и мониторинг на лилјаци.
Битола, 14 мај 2025 (МИА) - Националните паркови „Пелистер“ и „Галичица“ попладнево на планината Баба во соработка со Здружението за истражување и заштита на лилјаци од Германија, одржаа едукативен час за заштита и мониторинг на лилјаци.
До 16 мај истражувањата ќе се спроведуваат во двата национални паркови, а вклучени се и ученици од битолските средни училишта.
- Доцна попладнево на локацијата Бегова чешма се поставија четири мрежи, а учениците од средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ и средното училиште „Таки Даскало“ имаа прилика да учествуваат на практично прикажување на користењето на метод за истражување и заловување на лилјаци со мрежи. Настанот го оценуваме како исклучително важен затоа што вклучува теренска активности и еколошка едукација, изјави Иванчо Тошевски, директор на Националниот парк Пелистер.
Стручната поддршка на експертите од Германија помогна за правилен мониторинг на лилјаците, вклучување на младите во научно-едукативни активности и подигнување на свеста за зачувување на биолошката разновидност во националните паркови „Пелистер“ и „Галичица“. мт/бак/
Фото: МИА