• петок, 21 март 2025

На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет

На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет

Скопје, 21 март 2025 (МИА) - На регионалниот пат Неготино-Градско, утрово околу 02:50 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Т.Ј.(44) од Република Турција, соопштија од МВР.

При контрола на возилото „рено клио“ со босански национални ознаки, кое го управувал се пронајдени пет мигранти од Египет.

- Возилото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.  цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан