• сабота, 16 ноември 2024

На Палма наредена евакуација поради лава

На Палма наредена евакуација поради лава
Тенерифе, 13 октомври 2021 (МИА) - На околу 800 жители на шпанскиот остров Ла Палма вчера им беше наредено да се е вакуираат поради напредувањето на лавата од вулканот Кумбре Виеја. Поради ерупцијата на вулканот Кумбре Виеја, што трае од 19 септември евакуирани се речиси 7.000 луѓе. Лавата уништи речиси 600 хектари земјиште и над 1.200 куќи. На Ла Палма живеат 85.000 жители. Тоа е трета ерупција на вулкан на Ла Палма, во 1949 година еруптираше вулканот Сан Хуан, а во 1971 година вулканот Тенегуи. ми/

Остани поврзан