• понеделник, 23 декември 2024

На мобилизираните Руси им се забранети паметни телефони

На мобилизираните Руси им се забранети паметни телефони
Москва, 26 септември 2022 (МИА) - На мобилизираните Руси во Украина забрането им е носење на паметни телефони поради безбедносни ризици, пишуваат дел од руските медиуми. Руската Влада воспостави служба, „Хотлајн 122“, за одговори на прашања поврзани со приклучување на мобилизацијата. „Од безбедносни причини, забрането е користење паметни телефони на територијата на воените единици“, се наведува во соопштението. Војниците може да понесат обичен мобилен телефон од старите генерации. Но, тој исто така ќе се чува на одредено место и ќе се користи само во дадено време. Како што пишуваат дел медиуми, ова е со цел да се спречи војниците преку видеа и фотографии да ја откријат својата локација, како и да не се шират материјали за состојбата во руската војска. Многумина кои се приклучуваат на мобилизацијата веќе снимаат делови од своето патување, што е релативно лесно за лоцирање. бд/

Остани поврзан