На маргините на состанокот на АСЕАН средба Рубио – Ванг
- На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Куала Лумпур средба имаа американскиот државен секретар Марко Рубио со шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји
Куала Лумпур, 11 јули 2025 (МИА) – На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Куала Лумпур средба имаа американскиот државен секретар Марко Рубио со шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји.
По средбата ниту Рубио ниту Ванг дадоа изјави за новинарите.
Рубио вчера во Куала Лумпур имаше средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на која се разговараше за потенцијални нови можности за давање нов поттик на мировните преговори за Украина. ми/
фото: МИА архива