• понеделник, 23 декември 2024

На Лампедуза викендов пристигнале речиси 1.000 мигранти

На Лампедуза викендов пристигнале речиси 1.000 мигранти

Рим, 13 август 2023 (МИА) -  Речиси 1.000 мигранти од вчера се пристигнати на италијанскиот остров Лампедуза, откако со брод го преминале Медитеранот, јави денеска АНСА. 

Утринава италијанската крајбрежна стража донела околу 270 лица на италијанскиот брег, кои пристигнале со шест пловни објекти, а вчера на Лампедуза пристигнале уште 718 мигранти со 27 чамци.

АНСА пишува дека мигрантите потекнуваат од Конго, Брегот на Слоновата Коска, Буркина Фасо, Камерун, Гвинеја, Нигерија, Сенегал и Мали, а на новинарите им кажале дека отпловиле од туниските крајбрежни градови Сфакс, Габес и Махдија. 

Капацитетот на прифатниот центар во Лампедуза е 400 лица, со недели наназад тој е преполн, а во моментов таму има повеќе од 2.000 мигранти.

Италијанските власти планираат неколку стотици од нив со траект да префрлат до Сицилија. 

Податоците на италијанското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека преку опасната поморска рута преку Медитеранот само годинава во Италија се пристигнати над 96.300 мигранти, наспроти околу 45.700 лани. сд/

Остани поврзан