• четврток, 19 декември 2024

„На лагата ѝ се кратки нозете“ – продолжи герила акцијата за лажните вести во толпа

„На лагата ѝ се кратки нозете“ – продолжи герила акцијата за лажните вести во толпа
 Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Скопјани денеска беа поздравени од нова герила акција која предупредува на лажните вести, а овој пат тоа наместо пораки на мобилен телефон, беа транспаренти кои ги држат луѓе во толпа. Герила акцијата насловена како „Лажговците со кратки нозе фатени среде Скопје“ им посочи на граѓаните дека на лагата ѝ се кратки нозете. На транспарентите на макетите со претставени луѓе беа испишани пораки со некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации пласирани во земјава: „АСНОМ е избришан од Уставот“, „Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци“, „Путин ја ослободува Украина од фашизмот“, „Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти“. Главната порака од оваа денешна инсталација беше граѓаните да не наседнуваат на лажните вести и секогаш да ги проверуваат изворите на вестите. Со ваквите герила акции граѓаните од прости примери се запознаваат со дезинформациите кои имаат цел да ги збунат и погрешно наведат, но често пати и дикретно излажат со некаква политичка или комерцијална цел. мс/лв/      

Остани поврзан