• недела, 22 декември 2024

На карневал во Хрватска запалени кукли на истополов пар со дете

На карневал во Хрватска запалени кукли на истополов пар со дете
Загреб, 24 февруари 2020 (МИА) - Во текот на традиционален карневал во хрватското гратче Имотски, се запалени кукли кои претставувале истополов пар со дете, јави дописникот на МИА. Како што пренесе хрватски Индекс, запалена била и фотографија на пратеникот Ненад Стразиќ кој е член на опозициската СДП (Социјалдемократска партија). Во карневалската поворка имало и деца кои го гледале палењето на куклите. Локалните медиуми јавуваат дека ова не е прв пат на карневалите во Хрватска да се палат работи кои се врска со хомосексуалците или симболизираат хомосексуализам. Хрватскиот претседател Милановиќ, палењето на куклите го нарече срамно и кажа дека очекува соодветна реакција од институциите. ав/  

Остани поврзан