• понеделник, 23 декември 2024

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 492 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 492 пациенти, слободни кревети има
Скопје, 6 март 2021 (МИА) - Во ковид центрите во болниците низ земјава во изминативе 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти.
-На  инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 74 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациент, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 57, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија од Министерството.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 795 и има околу 342 празни болнички кревети во ковид центрите.
Инаку, како што се посочува во соопштението на МЗ, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството информира дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.бт/дма/

Остани поврзан