На израелската армија ѝ недостасуваат 10.000 војници, од кои 6.000 се за нејзините борбени единици
- Израелската армија има недостиг од повеќе од 10.000 војници, вклучувајќи околу 6.000 за своите борбени единици, изјави вечерва портпарол на армијата во Појасот Газа по речиси 20 месеци војна меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во палестинската енклава.
Тел Авив, 6 јуни 2025 (МИА) - Израелската армија има недостиг од повеќе од 10.000 војници, вклучувајќи околу 6.000 за своите борбени единици, изјави вечерва портпарол на армијата во Појасот Газа по речиси 20 месеци војна меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во палестинската енклава.
Армијата „има недостиг од повеќе од 10.000 војници, вклучувајќи околу 6.000 за своите борбени единици. Ова е вистинска оперативна неопходност и затоа ги преземаме сите потребни мерки“, изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин на телевизиска прес-конференција, одговарајќи на прашање за повикувањето на ултраортодоксни Евреи, кои со децении се ослободени од воена служба. зш/
фото ЕПА