• петок, 05 декември 2025

На земјен пат кон село Бусилци во Општина Чашка пронајден мртов 58 годишен велешанец

На земјен пат кон село Бусилци во Општина Чашка пронајден мртов 58 годишен велешанец

Велес, 6 ноември 2025 (МИА) - Во Полициското одделение Чашка вчера попладне  било пријавено дека на земјен пат кон село Бусилци, во  Општина Чашка, било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки било утврдено дека се работи за 58 годишниот Ѓ.Ѓ. од Велес.

Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.ад/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан