• петок, 22 ноември 2024

На европските берзи денеска се тргува внимателно

На европските берзи денеска се тргува внимателно
Лондон, 3 февруари 2022 (МИА) - На европските берзи утрово се тргува внимателно, инвеститорите чекаат одлуки и пораки од централните банки за каматни стапки и инфлација. Индексот на водечките европски акции, STOXX 600 во 9.30 часот беше на минус 0.3 отсто. Лондонскиот индекс FTSE се засили за 0.25 отсто, на 7.602 поени, додека франкфуртскиот DAX се „лизна“ за 0.22 отсто, на 15.580 поени, парискиот CAC пак, за 0.11 отсто, на 7.107 поени. Оние кои вложуваат се воздржани, се очекуваат одлука и порака од Европската и британската централна банка. Се верува дека британските монетарни власти, ќе ги зголемат клучните камати. Од Европската централна банка пак, не се очекува зголемување на цената на валутите, но ќе се следи како нејзините лидери ќе ја искоментираат инфлацијата. Таа во еврозоната во јануари достигна 5.1 отсто, повеќе од тоа што го очекуваа аналитичарите. Внимателно се тргува и на азиските берзи. На токиската берза, индексот Nikkei во 9.30 часот беше во минус над еден отсто, додека цените на акциите во Австралија се „лизнаа“ за 0.1 процент. Поради Лунарна Нова година, во Кина и Хонг Конг не се работи ниту денеска. На берзите во Сингапур и Јужна Кореја, индексите изутринава скокнаа над два отсто. Причината е што на овие пазари, изминатите денови, поради празникот, не се тргуваше, па вложувачите настојуваат да го надоместат пропуштеното. Но, на останатите берзи се внимава поради несигурноста во врска со тоа како ќе се развива состојбата на пазарите. На Волстрит вчера индексите на берзите пораснаа четврти ден по ред. Ова најмногу се должи на скокот на акциските цени на неколку технолошки гиганти. Таков е Alphabet, откако објавија подобри квартални резултати од очекуваните. Меѓутоа, утрово Nasdaq е во минус од два, а S&P 500 околу еден отсто, што значи дека денеска индексите можат да ги загубат сите вчерашни добивки. Тоа е последица на падот на цената на Мета, матичната компанија на Facebook, која во продолженото тргување по затварањето на Волстрит, падна за 20 отсто. Инвеститорите се разочараа од слабите деловни резултати и стагнација на бројот на корисници на социјалната мрежа. Тоа ги притисна и акциите на други технолошки компании, кои ден претходно забележаа раст. Несигурноста на пазарите, е последица и на слабите економски показатели. Агенцијата за вработување, ADP вчера извести дека во јануари, бројот на вработени во приватниот сектор на САД паднал за 301 илјада, што е последица на ширењето омикрон, варијантата на коронавирусот, но и забавување на економскиот раст. Неочекувано слаби податоци од пазарат на трудот, наведоа и некои аналитичари на промените во проценките за вкупното вработување во САД во јануари. Соопштение за тоа ќе биде објавено утре, а аналитичарите во просек очекуваат пораст на бројот на вработени за 150 илјади. Но, откако вчера беа објавени податоците, многумина очекуваат пад. Така, на пример, аналитичари на Ситигруп очекуваат пад на бројот на вработени за 70 илјади, а Goldman Sachsa, за 250 илјади. Останува да се види дали слабоста на пазарот на трудот, по силниот раст минатата година, е привремена или се работи за слабост на економијата, која би можела да потрае. бд/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан