• понеделник, 08 декември 2025

На Гран при на САД може да му биде издадено предупредување за прегревање по втор пат по ред оваа сезона

На Гран при на САД може да му биде издадено предупредување за прегревање по втор пат по ред оваа сезона

Остин, 14 октомври 2025 (МИА) - Претстојниот тркачки викенд во Остин ќе биде екстремно жежок. Се предвидува дека температурите во главниот град на Тексас ќе достигнат 33 степени во петок и недела. Затоа, на Гран при на САД може да му биде издадено предупредување за прегревање по втор пат по ред оваа сезона, објави RN365.

Вакво предупредување претходно беше издадено пред почетокот на тркачкиот викенд во Сингапур, каде што температурата беше 31 степен Целзиус.

Кога ќе се издаде предупредување за прегревање, сите тимови се должни да користат специјални елеци за ладење и опрема за нивна поддршка. Доколку возачот одлучи да не користи елек, неговиот автомобил сепак ќе биде опремен со целата опрема, заедно со баласт еквивалентен на елекот.

Според RacingNews365, доколку температурите навистина достигнат толку високо ниво, ФИА речиси сигурно ќе го активира предупредувањето за прегревање. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан