• петок, 22 ноември 2024

На ГП Табановце се чека еден час, а на ГП Богородица 30 минути

На ГП Табановце се чека еден час, а на ГП Богородица 30 минути
Скопје, 3 септември 2022 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце чекањето за влез и излез од државата е околу еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од државата чекањето е околу 30 минути, соопшти Автомото сојузот. На граничните премини, од македонска страна, како што посочуваат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. рп/лв/

Остани поврзан