• вторник, 27 јануари 2026

На ГП Блато минатата година откриени 15 кривични и 32 прекршочни дела

На ГП Блато минатата година откриени 15 кривични и 32 прекршочни дела

Дебар, 27 јануари 2026 (МИА) - Полициските службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин Блато на македонско-албанската граница кај Дебар минатата година откриле повеќе кривични и прекршочни дела во споредба со претходната година.

- Во текот на 2025 година полициските службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин Блато открија 15 кривични и 32 прекршочни дела, што е за три, односно 16 дела повеќе во споредба со претходната година - изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид, за МИА.

Додаде дека станува збор за сторени кривични дела шверцување, фалсификување исправи и шверцување добиток, при што запленети се 29 грла крупен добиток при обид за шверцување преку државната граница, потоа давање поткуп, како и по други основи.

- Минатата година од слобода лишени се 22 лица, или 15 повеќе од 2024 година, а приведени биле 7 лица поради нелегален премин на македонско-албанската граница или пет лица помалку во споредда со претходната година - посочи Димоски.

Кога станува збор за сторителите лишени од слобода, тие се македонски и албански државјани. вт/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан