• четврток, 26 март 2026

На ГП „Блато“, кај Дебар, албанската полиција спречила шверц на 412 литри гориво при влез во Албанија

На ГП „Блато“, кај Дебар, албанската полиција спречила шверц на 412 литри гориво при влез во Албанија

Дебар, 14 мај 2025 (МИА) – На граничниот премин „Блато“ на албанско – македонската граница, кај Дебар, албанската гранична полиција привела жител на Тирана, при обид да шверцува 412 литри гориво, од Македонија во Албанија.

- Полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор, при контрола на возилото „Мерцедес Бенц“, откри 17 канистери наполнети со 412 литри бензин и дизел, кои П.Ч.(54) жител на Тирана се обидувал да ги внесе во нашата земја, без да ги пријави. Горивото е запленето како материјален доказ, заедно со возилото, додека неговиот возач, е лишен од слобода. Тој ќе одговара за кривично дело „Криумчарење стока што подлежи на акциза“, стои во полициското соопштение. 

Се посочува дека службите на комесаријатот на граничната полиција - Пешкопеа, продолжува со засилени мерки на граничниот мониторинг и деталната контрола, со цел спречување и борба против прекуграничниот криминал.

Албанските граѓани, посебно оние од пограничните населени места долж албанско-македонската граница, редовно, гориво набавуваат во бензинските пумпи во Дебар, Струга и Ресен, поради пониската цена, но, како што и самите потврдуваат, повисокиот квалитет на горивата. вт/са/

Фото: албанско МВР

Остани поврзан