• четврток, 13 март 2025

На вториот јавен повик досега се пријавени околу 400 проекти од 51 локална самоуправа

На вториот јавен повик досега се пријавени околу 400 проекти од 51 локална самоуправа

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - На вториот јавен повик за општините досега се пријавени околу 400 проекти од 51 општина, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.  

-Таму е одлично сега засега состојбата. Повеќе од 338- 340 проекти се стигнати од 51 општина. Очекуваме таа бројка да натфрли 400. зошто не и 450. Во првиот повик имавме проекти во вкупна вредност од 72 милиони евра без оние средства кои отидоа преку Министерството за транспорт. Сега имаме 15 милијарди денари, 250 милиони евра. Секој сме присутни на некој нов проект, рече Мицкоски.

Ги покани медиумите во сабота во Студеничани да присуствуваат, како што кажа, на еден голем проект. 

-Имаме намера да инвестираме на цела територија на државата, рече премиерот Мицкоски кој денеска беше на настан во полицискиот Центар за обука. ев/аа/

ФОТО: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан