На велешките гробишта оддадена почит за Анита Кришан Лозановска, која загинатa во авионската несреќа со екипажот на претседателот Трајковски
- - По повод одбележувањето на 22 години од трагичното загинување на претседателот Борис Трајковски, неговата делегација и екипажот,денеска заедно со советници од Советот на Општина Велес и делегација од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, оддадовме почит на гробот Анита Кришан Лозановска, на градските гробишта кај црквата „Свети Спас“ во Велес, која беше член на кабинетот на претседателот Трајковски, информира поплaднево градоначалникот Марко Колев.
Велес, 26 февруари 2026 (МИА) -По повод одбележувањето на 22 години од трагичното загинување на претседателот Борис Трајковски, неговата делегација и екипажот, денеска заедно со советници од Советот на Општина Велес и делегација од кабинетот на претседателката Гордана Сиqановска Давкова, оддадоа почит на гробот на Анита Кришан Лозановска, на градските гробишта кај црквата „Свети Спас“ во Велес, која беше член на кабинетот на претседателот Трајковски, информира поплaднево градоначалникот Марко Колев.
- Со положување цвеќе на нејзиното вечно почивалиште се потсетивме на авионската несреќа во која Македонија загуби девет човечки животи. Слава им, порача Колев.
Анита Кришан Лозановска загина заедно со останатиот членови од деветчлeниот екипаж во трагична авиoнска несреќа со претседателот Борис Трајковски на 26 февруари во 2004 година кај селото Ротимље во близина на Мостар, во Босна и Херцеговина. ад/вг/
Фото Општина Велес