• петок, 05 декември 2025

На „БитФест“ гостува оперскиот уметник Кристијан Антовски

На „БитФест“ гостува оперскиот уметник Кристијан Антовски

Битола, 18 јули 2025 (МИА) - Битолското културно лето „БитФест“ продолжува со концертот „Класична бајка“ кој ќе го изведе оперскиот уметник Крстијан Антовски. 

Од фестивалскиот прес - центар соопштија дека Антовски ќе настапи заедно со пијанистката Елена Силјановска. 

Концертот „Класична бајка“ ќе се одржи во битолскиот Офицерски дом, а на програмата се дела Гуно, Чајковски, Хендл, Хрстиќ, Прокопиев и други класични композитори. мт/


Фото: „БитФест“

 

Остани поврзан