• петок, 22 ноември 2024

На Барбери не им требаат модели, вработените ги рекламираат производите

На Барбери не им требаат модели, вработените ги рекламираат производите
Лос Анџелес, 28 јули 2020 (МИА) - Наместо манекенки и манекени, модната куќа Барбери одлучи својата нова колекција облека и чанти да ја претстави во прилично „секојдневен“ стил - преку своите дизајнери и вработени... Тие самите, сакајќи да ја доловат сѐ уште актуелната состојба со корона-пандемијата и мерките за физичка оддалеченост, позираа пред своите куќни прагови. Новата понуда содржи костуми, мантили, џемпери, кошули, маици, бермуди, поголеми и помали чанти.  си/

Остани поврзан