• вторник, 09 декември 2025

Најстудено во Крушево и Маврови Анови, дневната температура до 15 степени

Најстудено во Крушево и Маврови Анови, дневната температура до 15 степени

Скопје, 9 декември 2025 (МИА) - Најниска температура утрово е измерена во Крушево и Маврови Анови, -1, по што следуваат Охрид и Куманово, 0, Претор,1, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка, 2, Прилеп и Берово, 4, Тетово, Битола, Штип, Виница, Велес и Гевгелија, 5, Кавадарци,6, Демир Капија и Струмица со 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што најави УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа со зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.лв/са/

фото: МИА архива 

Остани поврзан