• недела, 22 декември 2024

„Најопуштената“ песна на светот може да го намали стресот за 60 отсто

„Најопуштената“ песна на светот може да го намали стресот за 60 отсто

Филаделфија, 2 октомври 2023 (МИА) - Истражувачи од Универзитет на Пенсилванија во Филаделфија, САД, ја пронајдоа најрелаксирачката песна на светот - „Weightless“ од групата „Маркони јунион“. Во истражувањето за анксиозност и стрес пред операција, учествувале 157 возрасни лица поделени во две групи.

Така, првата група луѓе примиле еден до два милиграми „Мидазолам“ три минути пред блокадата на периферните нерви, а втората група ја слушале песната, инаку објавена 2012 година. Резултатите покажале дека пациентите кои ја слушале песната имале слично ниво на анксиозност како првата група, што посочува дека музиката е исто толку благотворна во намалувањето на стресот. Како што пренесуваат стручните списанија таа песна може да ја намали анксиозноста за дури 60 отсто.

-Музикотерапијата може да биде алтернатива за користење на „Мидазолам“ пред периферна општа анестезија. Сепак, потребни се дополнителни истражувања, посочува написот.

Сепак, истражувачите забележуваат дека пациентите кои го зеле лекот изјавиле дека се позадоволни од целокупното тоа искуство во однос на другата група. Тие веруваат оти тоа е можеби затоа што на пациентите не им било дозволено да изберат што ќе слушаат или зашто е полесно да се комуницира без музика.  си/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан