Најниска температура измерена во Лазарополе, највисока во Скопје-Зајчев Рид
- Во Берово се измерени 12 степени, 13 Битола и Попова Шапка, 14 во Маврови Анови, 15 Претор и Охрид, 16 степени во Струмица и Крушево, 17 Крива Паланка и Тетово, 18 степени во Демир Капија и Прилеп, 19 Куманово и Гевгелија, 20 степени во Штип, Кавадарци и Виница, 21 Скопје-Петровец и 22 степени во Велес.
Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 11 Целзиусови степени, а највисоки 23 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид.
Во Берово се измерени 12 степени, 13 Битола и Попова Шапка, 14 во Маврови Анови, 15 Претор и Охрид, 16 степени во Струмица и Крушево, 17 Крива Паланка и Тетово, 18 степени во Демир Капија и Прилеп, 19 Куманово и Гевгелија, 20 степени во Штип, Кавадарци и Виница, 21 Скопје-Петровец и 22 степени во Велес.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.
Максималната температура ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=6
Во Скопје, информираа од УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер одсеверен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд,грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. цр/
Фото: МИА архива