• понеделник, 23 декември 2024

Најмногу дожд наврна во Тетово и Пожаране, најмалку во Гевгелија

Најмногу дожд наврна во Тетово и Пожаране, најмалку во Гевгелија
Скопје, 3 мај 2022 (МИА) - Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 22 литри на метар квадратен, наврнало во Тетово и Пожаране, а најмалку, четири литри во Гевгелија. Како што информира УХМР, утрово е најсвежо во Попова Шапка, нула степени, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 11 степени. Минималните температури до 8:30 часот изнесувале два степени во Лазарополе, три во Маврово, четири во Крушево, пет во Претор, шест во Берово, седум во Прилеп, Охрид, Тетово и Крива Паланка, осум во Битола, Виница и Дебар, девет во Штип и Куманово, како и 10 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица и Дојран. До 8 часот утрово се иземрени и 19 литри дожд на метар квадратен во Скопје-Петровец, 18 во Берово, Попова Шапка, 17 во Виница, 13 во Скопје-Зајчев Рид, 12 во Куманово, Крушево, 11 во Штип, Попова Шапка, 10 во Охрид, Претор, девет во Крива Паланка, Ѓуриште, осум во Прилеп, седум во Демир Капија, шест во Битола, Дебар и четири во Гевгелија. Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени. И во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени. дма/са/

Остани поврзан