• вторник, 27 јануари 2026

Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка

Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка

Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Крива Паланка - 39 литри на квадратен метар и Виница - 26 литри на квадратен метар, а најмалку во Лазарополе - 4 и Маврови Анови - 1 литар на квадратен метар. 

Утрово најстудено е на Попова Шапка, каде што се измерени -3 Целзиусови степени, а најтопло во Гевгелија со измерени 8 Целзиусови степени.

Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка изнесувала 31 сантиметар и во Маврови Анови 2 сантиметра.

Денеска, ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне во западните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени. сст/са/

Фото МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан