• петок, 05 декември 2025

Најмалку 94 луѓе загинаа во поплавите на индонезискиот остров Суматра (ДПЛ)

Најмалку 94 луѓе загинаа во поплавите на индонезискиот остров Суматра (ДПЛ)

Џакарта, 28 ноември 2025 (МИА) – Најмалку 94 луѓе загинаа во поплавите и свлечиштата на индонезискиот остров Суматра, 80 лица се водат како исчезнати, а речиси 80.000 се евакуирани, соопштија локалните власти.

Во Батанг Тору, едно од најпогодените во индонезиската Северна Суматра ископана е масовна гробница, каде ќе бидат погребани телата на седум неидентификувани жртви, бидејќи во градот не постои мртовечница, каде би се чувале телата до доаѓањето на роднините на жртвите.

Претставникот на локалната власт, Мара Тинги наведе дека во здравствениот центар во Батанг Тору биле пронајдени 21 тело, од кои седум ќе бидат погребани во масовната гробница.

Властите стравуваа дека бројот на жртви најверојатно ќе биде поголем, бидејќи не може да се утврди поради прекин на комуникациите, а оштетени се у патиштата и електричната мрежа поради што е отежнат пристапот до погодените подрачја.

Потрагата по исчезнатите лица продолжува и денеска.

Во провинцијата Западна Суматра повеќе од сто луѓе и понатаму се заробени во своите домови и чекаат помош.

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе земји од Југоисточна Азија, вклучително и Тајланд и Малезија, при што загинаа најмалку 183 луѓе. ми/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан