• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 79 загинати, а повеќе од сто повредени во стампедо во Сана

Најмалку 79 загинати, а повеќе од сто повредени во стампедо во Сана

Сана, 20 април 2023 (МИА) - Најмалку 79 лица загинаа, а повеќе од сто се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо.

Бројот на загинати и повредени постојано расте, бидејќи првите информации беа за триесет загинати за време на хуманитарен настан одржан во Сана, главниот јеменски град контролиран од бунтовниците Хути.

Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на тој настан се уапсени.

Бунтовниците Хути, поврзани со Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што предизвика интервенција на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ја поддржи владата.

Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот, во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров. паг/

Остани поврзан