• петок, 03 мај 2024

Најмалку 12 мртви во сообраќајна несреќа меѓу два минибуса и автобус во Индонезија

Најмалку 12 мртви во сообраќајна несреќа меѓу два минибуса и автобус во Индонезија

Џакарта, 8 април 2024 (МИА) - Најмалку 12 лица загинаа денеска, а две лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила на автопатот во индонезиската провинција Западна Јава, соопшти полицијата.

Според прелиминарните извештаи, инцидентот се случил на автопат во областа Кераванг, кога минибус со девет патници почнал да застанува на лентата за застанување, но бил удрен од автобус кој се движел позади него.

„Во автобусот потоа удрил друг минибус, кој излегувал од лентата, изјави началникот на полицијата во Караванг, Вирдханто Хадикасконо“, додавајќи дека потоа во пожар биле зафатени два минибуса. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан